More

    Синдикатот бара повлекување на Предлог-законот

    spot_img

    Сојузот на синдикатите на Македонија бара да се повлече и да се доработи Предлог-законот за системот за плати во јавен сектор, зашто со него се кршат работничките права и меѓународни конвенции и обврски што државата ги има преземено. ССМ нагласува дека во ниту еден момент не бил ниту вклучен, ниту информиран за подготовката на Предлог-закон за системот за плати во јавен сектор, кој, како што наведува, „Владата преку МИОА во очи на Нова година на ЕНЕР го поставила Нацрт-законот за системот (кратење) на плати во јавниот сектор”.

    „Според првичниот увид во текстот сметаме дека се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изнинатиот период предупредуваше. Во Нацрт- законот е уредено дека исплатата на дополнителната компонента на платата и надоместоците на плата зависи од тоа дели се предвидени средства во буџетот и на тој начин индиректно ќе се врши намалување на платите на вработените во дејностите каде што се исплаќа истата во овој момент“ – се вели во соопштението.

    Од ССМ наведуваат дека дополнително вредноста на бодот за ниво на работно место ја утврдува Собранието на предлог на Владата. Според нив, во процесот повторно се исклучени синдикатите и нивните претставници со што се елиминира нивната улога, односно Собранието на државата на предлог на Владата го утврдува коефициентот за максимален износ на плати во различни платни потсистеми.

    – Она што загрижува е дека платите дополнително ќе се намалуваат доколку работникот користи годишен одмор, што е уставно загарантирано право и за време на користење на годишен одмор вработените имаат право на плата во висина на нивната основна плата, а за време на привремена неспособност за работа надомест на плата во висина од 80 отсто од основната плата. Се ова укажува дека во Нацрт- законот е предвидена максимална надлежност на државните органи во регулирањето на оваа материја без социјален дијалог и активно учество на ЕСС и синдикатите како претставници на работниците со што се крши Конвенцијата за правата на работниците во јавниот сектор, како и другите меѓународни документи и принципи за активен социјален дијалог и право на колективно договарање на вработените во јавниот сектор, се вели во соопштението.

    Владата, како што се наведува, продолжува со веќе воспоставената пракса на озаконување на сите незаконитости, кои се случуваат на грбот на работниците што е преседан во поглед на уредување на работните односи и социјалниот дијалог.

    – Како синдикат, бараме повлекување на ваквиот предлог на закон за да биде доработен без сите негативни ефекти кои ќе ги предизвика, во консултации со претставниците на работниците синдикатите и експерти од Меѓународната организација на труд и останати чинители преку инклузивен процес, стои во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.

    Дејановски: Противуставен закон кој ја комплицира ситуацијата

    Нацрт-законот за систем за плати во јавниот сектор, кој е ставен на ЕНЕР, не е системско решение и со него уште повеќе ќе се искомплицира ситуацијата, оценува претседателот на Синдикатот на УПОЗ при ССМ, Трпе Дејановски во изјава за МИА.

    – Ова само уште повеќе ќе ја искомплицира ситуацијата. Воведуваат некакви системи и на тоа некакви подсистеми. Во администрација ќе биде едно, во здравство друго, во одбрана трето, во јавни претпријатија четврто… Ова ми делува како да се сака да се контролира се, да се стави рака врз синдикатите и пресметка на плати како што сака министерот за финансии – вели Дејановски.

    Ваквото законско решение, според него, е спротивно на Уставот, бидејќи се прави обид да се регулира исплатата на плата преку правилници, а според уставите одредби, плата се исплаќа само со закон и колективни договори.

    Тој посочува дека ќе се носи алтернативна вредност на бодот во случај дали ќе има вонредна, воена или кризна состојба во државата.

    – Значи ако има криза ќе имате една плата, ако нема криза, ќе имате друга плата, вели Дејановски.

    Со ова законско решение засегнати се од 130.000 до 150.000 вработени во јавниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img