More

    Симовски објаснува како евангелистите станаа атеисти

    spot_img

    Во делот на религиозната припадност беше направена техничка грешка, па кај лицата кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката 355, кај лицата евангелисти-методисти беше наведена бројката 8.764, а треба да биде обратно.

    Ова го изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во саботата беше објавена нова табела со нови податоци од Пописот 2021, иако, еден ден претходно, самиот Симовски изјави дека „секоја промена на податоците од пописот ќе се смета за упад“.

    Но, сега, директорот на ДЗС во изјава за порталот МКД објаснува дека станувало збор за замена на местата на бројките на евангелисти-методисти и атеисти.

    – Сите други податоци се во ред и граѓаните можат сите податоци да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика. Сепак, не беа наведени некои периферни податоци кои би го оптовариле целиот извештај, како на пример неколку лица кои се изјасниле како марсовци. Во однос на реакциите на дел од политичките парии кои сметаат дека во пописот на населението има фалсификувани податоци со цел друга етничка припадност или религиска припадност да биде фаворизирана, а кои повикуваат и на кривична одговорност, сите се неосновани, ама постојат институции. Па така, секој што смета дека во пописните резултати има фалсификувани податоци или политички манипулации, може слободно да поднесе соодветна пријава – изјави Симовски.

    Една од тие политички партии е опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обвинува дека пописот е некомплетен.

    – Пописот е нецелосен и со многу неправилности. Овој попис кој го спроведоа СДСМ и ДУИ не ја покажува реална слика за популацијата во државата. ДЗС направи целосен хаос во графата за религиска припадност, со нераспознавањето на христијани и православни. Неправилностите на овој попис излегоа на виделина само еден ден од соопштувањето на официјалните резултати. Директниот упад од ДЗС во промената на бројот и процентите во религиската определба во графата атеисти е уште еден од показателите за некомплетноста на резултатите на оваа операција. ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта ќе спроведе електронски попис со кој ќе се добијат целосни и релевантни бројки и проценти за резидентното население во Македонија – велат од партијата на Христијан Мицкоски.

    Остра реакција имаше и од партијата Левица, односно од пратеникот Борислав Крмов кој изјави дека „пред очи ни го фалсификуваат пописот“.

    – Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки. Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал. Оваа лакрдија веднаш да се поништи. Сите ќе одговарате – порача Крмов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img