More

    СЗО предупреди на катастрофални последици од војната за украинскиот народ и тешките нарушувања во обезбедувањето здравствени услуги и залихи

    spot_img

    Првиот човек на Светската здравствена организација предупреди на катастрофалните последици од војната за украинскиот народ и тешките нарушувања во обезбедувањето здравствени услуги и залихи и нагласи дека „мирот сега е неопходен лек за спасување животи“.

    Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пред Советот за безбедност на ОН вчера изјави дека организацијата потврдила 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина, со 12 мртви и 34 ранети.

    Тој преку видео врска кажа дека „нарушувањето на здравствените услуги и снабдувањето претставува екстремен ризик за луѓето со кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес, ХИВ и туберкулоза, кои се меѓу водечките причини за смрт во Украина“.

    Шефот на СЗО дополни дека бегалството на едните и големите маси народ во засолништвата кај другите, веројатно ќе го зголемат ризикот од болести како што се ковид-19, сипаници, пневмонија и детска парализа.

    -Покрај тоа, повеќе од 35.000 ментални пациенти во украинските психијатриски болници и установи за долгорочна нега се соочуваат со сериозен недостиг на лекови, храна, здравствена заштита, па дури и ќебиња – рече тој.

    Досега СЗО испратила околу 100 тони медицински материјал, што е доволно за 4.500 ранети и 450.000 пациенти од примарната здравствена заштита за еден месец, како и друга опрема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img