More

    СЗО: Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена

    spot_img

    Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

    – Во петок ќе бидат точно две години откако кажавме дека ширењето на коронавирусот може да биде означено како пандемија – рече Гебрејесус на онлајн прес-конференцијата во Женева, додавајќи дека две години подоцна од вирусот умреле над шест милиони лица.

    Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека сѐ уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.

    Според него, тестовите што можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови.

    – Тоа нѐ спречува да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива – рече Гебрејесус, додавајќи дека таквата стратегија за тестирање во Јужна Африка овозможи кон крајот на ноември 2021 година да се открие омикронот, сој што сега е доминантен во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img