More

    Се јави кумашинот на Путин, бара помош и од двата претседатели

    spot_img

    Кумашинот на Владимир Путин и лидер на украинската опозиција, Виктор Медведчук(67), кој во моментов е заробен од украинските сили, побара од својот кум, кој ја крстил неговата најстара ќерка Дарја, при следната размена на затвореници, да го „трампа“ него за британски војници или бранители на Мариупол кои руската војска ги зароби, пишува Мондо.

    Медведчук објави видео и го рече следното:

    – Јас, Медведчук Виктор Владимирович, сакам да им се обратам на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и на претседателот на Украина Володимир Зеленски со барање да ме разменат за бранителите на Мариупол и жителите кои денес се таму и немаат безбеден пристап преку хуманитарни коридори – вели тој.

    Медведчук е во домашен притвор од мај 2021 година, од каде, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина, побегнал на 28 февруари, четири дена по рускиот напад на Украина и оттогаш се води како исчезнат.

    Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Неодамна беа објавени негови фотографии и снимки на кои се гледа дека е заробен од украинските сили. Тие го фатиле облечен во украинската воена униформа во обид да остане незабележан.

    Дури и Оксана Марченко, сопругата на Медведчук, пред неколку дена побара од рускиот претседател Владимир Путин да помогне во размената на нејзиниот сопруг. Таа го покани британскиот премиер Борис Џонсон и побара размена на сопругот на Виктор за британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинера, кои им се предадоа на Русите.

    Видео од Шон Пинер и Ејден Аслин потоа се појави на руската државна телевизија. Тие јавно побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук. Не е познато колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат, јавува МИА. Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.

    Неодамна, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, го опиша предлогот на Володимир Зеленски за размена на Виктор Медведчук за украински воени заробеници како многу опасен тренд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img