More

    Се шушка дека актерот има нова љубов (ВИДЕО)

    spot_img

    Славниот холивудски заводник Џони Деп беше со најубавите жени на светот, меѓу кои и Кејт Мос, Ванеса Паради, Џенифер Греј, Винона Рајдер…

    Во моментот, во фокусот на сите светски медиуми е неговата пресметка со поранешната сопруга Амбер Херд, која ја тужеше за клевета вредна 50 милиони долари поради написот што таа го напиша во „Вашингтон пост“ за наводно семејно насилство.

    Па, така, во екот на големата судска парница помеѓу двајцата поранешни сопружници, странските медиуми наголемо пишуваат дека Џони си нашол нова девојка.

     

    Во 2020 година, Џони Деп беше фотографиран со мистериозна жена во познат паб во Белгравија, Лондон. Гласините брзо се проширија, а многумина се прашуваа дали претстои нова љубовна романса.

    Сега повторно во јавноста се шпекулира дека Деп влегол во љубовна врска и тоа со својата шармантна адвокатка Камила Васкез.

     

    За време на судскиот процес против неговата поранешна сопруга, Деп и Камила, која е негова адвокатка во тужбата против Амбер Херд, се во постојан контакт, а меѓу нив веќе паѓа во очи дека имаат одредена блискост. Поради тоа почнаа да се шират приказни дека актерот и адвокатката тајно се гледаат надвор од судницата.

    Но, набрзо се појавија информации дека ништо од тоа не е вистина, дека меѓу нив нема ништо друго освен професионална врска.

     

    Џони Деп е генерално пријателски расположен и е многу близок со луѓето кои работат во неговиот правен тим. Не може да се негира дека Камила Васкез му е интересна на Џони Деп, а доказ за тоа се нејзините фотографии во јавноста на кои се гледа дека таа се смее и дека е многу расположена кога е во негово друштво.

    Сепак, од друга страна, во медиумите може да се прочита дека Васкез е во врска со Британец кој е продавач на недвижности.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img