More

    Кремљ реагира на украинските бомби во Белгород

    spot_img

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека денешниот „напад (во рускиот град Белгород) врз складиште за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори“. Тој додаде дека за инцидентот е информиран претседателот на Русија, Владимир Путин и оти Москва се обидува да го реорганизира синџирот за снабдување со енергенсот.

    Москва тврди дека два украински хеликоптера нападнале складиште за нафта во рускиот град Белгород. По нападот изби пожар, а повредени се две лица.  Белгород се наоѓа на околу 30 километри од украинската граница, а на 60 километри од украинскиот град Харков, што пак е бомбардиран од руските трупи уште од почетокот на војната.

    Во меѓувреме, украинскиот преговарач Михаило Подољак изјави дека почна нова рунда „онлајн“ украинско-руски преговори.

    – Точно е. Двете страни тоа официјално го соопштија. Преговорите продолжија во „онлајн“ формат, со учество на работните подгрупи – истакна Подољак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img