More

    Се случи модна магија, иако многумина го сметаат овој потег за вулгарен

    spot_img

    Манекенката Бела Хадид дефинитивно остави најголем впечаток на модната недела во Париз! Имено, таа беше дел од еден од најспектакуларните настани на модната писта во градот на светлината досега! Оваа убавица имаше „испрскан“ фустан на своето голо тело за време на големото финале на модната ревија на „Коперни“.

     

    Бела, која своевремено беше прогласена за најубавата жена на светот, на пистата излегла само во танга-гаќи и високи потпетици, со рацете покривајќи ги голите гради. На модната писта биле и тројца мажи кои со спреј исцртале фустан на нејзиното тело, а сите ги предводел д-р Манел Торес, генерален директор на „Фабрикан Лтд“.

    – Сакавме овој момент да му го посветиме на доктор Торес, бидејќи толку многу го почитуваме она што тој го прави. Чувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да го води шоуто – за нас тоа го прави искуството уште помагично – истакна за „Вог“ ко-креативниот директор на брендот Арно Вајлан.

    Меѓутоа, на социјалните мрежи можеа да се прочитаат спротивставени коментари, кои не ја делат баш визијата на познатиот дизајнер. Многумина веруваа дека „нема потреба од такви вулгарности“ и „до кога најголем моден хит ќе бидат голите жени на ревијата“.

    Само еден ден пред овој настан, кој долго ќе се раскажува и памети, сестрите Бела и Џиџи Хадид заедно прошетаа на пистата, а својата неверојатна доминација во Париз ја потврдија на Модната недела. Гледањето на сестрите и едни од најуспешните манекенки на денешницата заедно на иста ревија беше вистинско уживање за нивните обожаватели.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img