More

    Се роди љубов на Евровизија

    spot_img

    Дека Евровизија не е само натпревар туку и дружење, и нешто повеќе, докажува љубовта која се родила меѓу црногорската претставничка Владана Вучиниќ и претставникот на Естонија, пејачот со ерменско потекло Стефан Хајрапетјан.

    Последниве денови во Торино одекнуваат насмевките на Владана и 11 години помладиот Стефан, а дека хемијата е очигледна можат да посведочат сите оние кои се најдоа во нивно друштво.

     

    Владана и Стефан се запознале во Романија и се дружеле за време на националните избори за Евровизија. Таму се развило пријателството кое очигледно и судејќи по изјавите на нивните пријатели прераснало во нешто повеќе, пишува српски „Курир“.

    – Тие двајца не се разделуваат во Торино, по цел ден се заедно и не им е проблем што секогаш се опкружени со претставниците на медиумите, но и со обожавателите на ова натпреварување – рекол пријател на славниот пар.

     

    Владана вечерва се натпреварува на 66. Евросонг, втората полуфинална вечер, исто како и Стефан.

    – Стефан е одлично момче. Симпатичен, талентиран и харизматичен. За него беше интересно да дознае повеќе за Црна Гора. Се запознавме во Букурешт за време на фестивалот, во време кога бегалците од Украина пристигнуваа во Романија. Мислам дека неговото ерменско потекло е нешто што нам Балканците ни делува пријатно. Ние сме слични. Стефан дефинитивно е еден од најзгодните изведувачи на овогодинешната Евровизија – изјавила Владана за споменатиот медиум.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img