More

    Се развеле поради секта која забранувала секс

    spot_img

    Мишел Хункцикер се прославила како прва сопруга на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти. Тие беа еден од омилените парови на деведесетите години, а бракот на манекенката и водителка и музичар траеше четири години, иако беа потребни седум години за да се финализира разводот.

    Нивниот развод со години беше таинствен, а ниту Мишел ниту Ерос не сакаа да ги откријат причините за крахот на бракот. До пред неколку години.

     

     

    – Моите родители се разведоа кога бев дете, со татко ми немав никаков однос и мислев дека не ме сака. Поради тоа бев несигурна и паднав во сектата Воини на светлината, која се заснова на минати животи – раскажала водителката за германски „Билд“ пред неколку години.

    Сектата ѝ забранувала сексуални односи, мастурбирање, алкохол и пушење, но многу полошо е тоа што ја одвоило од нејзината мајка, забранувајќи ѝ контакт со неа. Не смеела да има ниту пријатели, а набрзо морала да го напушти и манекенството.

     

     

    „Ме принудија да ја напуштам агенцијата за манекенки и ме убедија дека морам да ги финансирам. Морав да им ги дадам сите пари, па дури и се заканија дека ќе ме убијат ако ја напуштам сектата. Ми рекоа дека мојот сопруг е лош за мене, а јас го сакав“, раскажала таа.

    Таа додала дека нејзиниот брак со Ерос завршил кога тој ѝ поставил ултиматум.

    – Ерос ми рече дека морам да излезам од сектата или ќе ме остави. Јас ја избрав сектата – признала поранешната манекенка.

    И требало време да се извлече од сектата, а силата да продолжи со нормалниот живот ја нашла во ќерката што ја добила со Ерос. За целото нејзино искуство, водителката ја напиша книгата „Навидум совршен живот“ (A Seemingly Perfect Life).

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img