More

    Се проценува дека Москва само за еден ден војна избројала околу 800 жртви

    spot_img

    Операциите на украинската армија резултираа со околу 800 жртви меѓу руските војници од почетокот на воените дејствија вчера во раните утрински часови.

    Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за одбрана, пренесени од Си-Ен-Ен. Сепак, американскиот медиум нагласува дека неговите извори не можат со сигурност да ја потврдат веродостојноста на податоците.

    Покрај тоа, според украинската страна, уништени се повеќе од 30 руски тенкови, како и седум авиони и шест хеликоптери.

    Истовремено, украинската армија го разнесе мостот на реката Тетерев, на околу 50 километри од главниот град Киев, со цел да им го отежне преминот на конвојот од руски тенкови преку главниот град.

    Британскиот министер за одбрана Бен Валас тврди дека Русија има намера да ја окупира цела Украина.

    Валас за Скај њуз оцени дека руската армија не успеала да ја исполни целта на првиот ден од акцијата во Украина. Тој процени дека Русија изгубила повеќе од 450 војници во Украина првиот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img