More

    Се преговара за евакуацијата на војниците од Азовстал

    spot_img

    Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека Турција се согласила да посредува во разговорите за евакуација на борците, главно тешко повредени, од фабриката Азовстал во Мариупол, а Киев би сакал да потпише документ за редоследот на оваа постапка.

    Според Верешчук, Украина веќе им доделила мандат за водење преговори за евакуација на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и на Обединетите нации.

    „Сакаме да се потпише документ: точно како ќе се случи евакуацијата од Азовстал и се подготвуваме да го потпишеме“, се вели во соопштението на Верешчук.

    Таа додава дека на прво место се става „евакуацијата на тешко повредените“ и дека Турција е подготвена да посредува во тие разговори.

    На 16 април, портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека „целата област на Мариупол била исчистена од украинската армија, странските платеници и од Азовскиот полк (чии борци се кривично гонети во Русија)“. Дел од украинската воена група се блокирани во фабриката за железо и челик Азовстал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img