More

    Се преврте екскурзиски брод кај Мљет: капетанот загина, патниците се спасени

    spot_img

    Екскурзиски брод се преврте во неделата во близина на хрватскиот остров Мљет. Капетанот на бродот загинал, но девет патници биле спасени.

    Во неделата кај Мљет се преврте чамец со екскурзионисти. Хрватски државјанин кој бил капетан на бродот загинал во трагична несреќа, потврди Министерството за поморство, транспорт и инфраструктура. Останатите патници, за кои се верува дека се странци, биле спасени и се неповредени.

    Според изјавите на спасените и очевидци, на екскурзискиот брод „Кача“ за време на несреќата имало вкупно десет лица, меѓу кои и капетанот на пловилото. Набргу по превртувањето, бродот потонал, а деветте патници биле спасени од морето од локалниот поморски персонал. Според порталот Дубровачки дневник меѓу патниците имало и петгодишно дете.

    Полицијата се уште истражува зошто бродот се превртел. Марио Орландини, кој помогнал во спасувањето на патниците, за порталот изјавил дека бродот бил погоден од бран, поради што се превртел. Ги спасив патниците, но го извлеков телото на човек што го познавав 20 години“, изјави Орландини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img