More

    Се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици

    spot_img

    Се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието и ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    – Во „Осломеј“ е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 ќе бидат на приватни инвеститори, едниот од Бугарија, едниот од Турција коишто на основа на јавно-приватно партнерство и ќе ги изградат на старите наоѓалишта во „Осломеј“ – изјави Ковачевски по одбележувањето на 65-годишнината од пуштањето во употреба на хидросистемот „Вруток“, одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во фотоволатици.

    Тој најави и дека се поедноставуваат постапките што ќе им овозможат на граѓаните да инсталираат фотоволтаични централи на своите покриви.

    – Веќе е во изработка законско решение коешто прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа. И тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал, а второто е правилата за приклучување коишто исто така се во надлежност на Министерството за економија и на коишто се работи, при што ќе се обезбеди електричната енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот – рече Ковачевски.

    Министерството за финансии, како што најави, веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издаде фактура за домаќинството коешто не е даночен обврзник.

    – Со тие решенија, како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе имаме постапка која што ќе биде идентична со постапката и процедурите во западноевропските држави каде што најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи иако ние како држава имаме многу подобра сончева инсулација за разлика од западноевропските држави  изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img