More

    Се огласи Стивен Сегал, големиот пријател на Путин

    spot_img

    Познатиот актер Стивен Сегал, инаку голем пријател на рускиот претседател Владимир Путин, проговори за моменталната ситуација во Украина, па наведе дека на двата народи гледа како на едно семејство.

    Пред гостувањето на телевизијата „Фокс њуз“, акционата ѕвезда изјави:

    – Повеќето од нас имаат пријатели и семејства во Русија и Украина – рекол Сегал и додал:

    „Јас на двете земји гледам како на едно семејство и навистина верувам дека тоа е некој надворешен свет кој троши огромни суми за пропаганда да ги испровоцира двете земји да бидат во меѓусебен конфликт. Моите молитви се двете земји да дојдат до позитивно, мирно решение каде што можеме да живееме и напредуваме заедно во мир.“

    Да потсетиме, тој во 2013 година го нарече Путин еден од најголемите светски лидери, а Украина на Сегал во 2017 година му забрани влез во земјата на пет години, откако Путин му даде руски пасош.

    Сегал беше назначен од руското Министерство за надворешни работи во 2018 година за специјален пратеник за хуманитарни врски со САД, а минатата година актерот отпатува во Венецуела како претставник на Русија и на тамошниот претседател му подари самурајски меч.

    Сегал, исто така, се зачлени и во руската партија која го поддржува Путин.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img