More

    Се огласи братот на исчезнатиот Мартин

    spot_img

    Братот на скопјанецот Мартин по кого се трага во морето кај Халкидики во соседна Грција, се огласи на социјалните мрежи.

    Преку статус на Фејсбук тој побара помош од македонската Влада и од македонското МНР да пронајдат начин како да се продолжи потрагата по брат му.

    Во продолжение ви го пренесуваме статусот во целост:

    „Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до OFKAT екипата спасувачи и до Генералниот конзулат во Солун кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потрагата по нашиот Мартин.

    Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сѐ уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме до македонската Влада и до нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме сѐ додека не се пронајде Мартин. Ве молам споделувајте за да стигне оваа објава до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за нашето семејство“, напиша братот на Мартин, Горан Јовановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img