More

    Се намалуваат залихите на гас

    spot_img

    Во јануари 2021 година, во Европа имаше околу 60 милијарди кубни метри гас во складиштата, што е исполнетост од 52 отсто. Споредено со истиот период годинава, количината на гас е намалена на 42 милијарди кубни метри, а исполнетоста во јануари изнесува 37,5 отсто, покажуваат податоците на „Гас Инфраструктура Европа“, јави Анадолија.

    Земја со најголемо количество складирано гас во Европа е Италија со 10 милијарди кубни метри (47 отсто), потоа Германија со 8,7 милијарди кубни метри (35 отсто) и Франција со 4,4 милијарди кубни метри (33 отсто).

    Кога станува збор за процентот на складирање гас, лидер е Португалија, чие складиште од 200 милиони кубни метри е исполнето 80 отсто, а потоа следи Велика Британија, чие складиште од 750 милиони кубни метри е 75 отсто.

    Пополнетоста во Европа денес е 36,6 отсто.

    Податоците потврдуваат дека зголемувањето на побарувачката и студената зима биле ефекасни за намалување на залихите на гас во Европа.

    Постудената зимска сезона од очекуваното и зголемената побарувачка за енергија доведоа до поголема употреба на гас. Намалувањето на количеството гас што Русија го испраќа во Европа преку Украина и намалувањето на производството во хидроцентралите исто така влијаеше на намалувањето на гасот во складиштата.

    Експертите велат дека може да има дополнителни тешкотии во снабдувањето со гас поради тензиите меѓу Русија и Украина. Европските и американските власти се загрижени дека во случај на војна меѓу двете земји, Русија, која испорачува 40 отсто од европскиот гас, ќе одговори на санкциите со затворање на вентилот, посочува Анадолија.

    Русија ја снабдува Европа со гас или преку долгорочни договори или еднократни договори со кои се продава одредена количина гас. Од друга страна, се наведува дека Русија има капацитет да испрати 15 отсто повеќе гас во Европа.

    Експертите тврдат дека недостигот на гас е предизвикуван од Русија, која сака да покаже дека гасоводот Северен тек 2, кој Европа не го сака, е вистинска „потреба“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img