More

    Се знае каде е пронајдено наоѓалиште на злато во Србија

    spot_img

    Откако во декември минатата година српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека во „една од најсиромашните општини во земјата“ е пронајдено наоѓалиште на злато, според тамошните медиуми, сега се знае во која општина се наоѓа.

    Откако српскиот претседател Александар Вучиќ во средината на декември објави дека е пронајдено големо наоѓалиште на злато во „сиромашна општина на југоистокот на земјата“, се појавија шпекулации каде би можело да се наоѓа. Според српскиот портал Недељник, сега се знае во која општина удрила тарната.

    Меѓународната рударска компанија Dundee Precious Metals, со седиште во Канада, која се занимава со стекнување, истражување, развој, ископ и преработка на благородни метали, а во моментов врши активности во Намибија, Бугарија и Србија, пред неколку дена објави дека во на подрачјето на општина Загубица пронајдено злато и бакар.

    На наоѓалиштето Чока ракита, лоцирано во Жагубица, на длабочина од 517 метри, е пронајдена содржина на злато од 63,46 грама на тон и 0,11 отсто бакар, се наведува во соопштението. „Прелиминарните металуршки испитувања покажуваат дека приносот на златото е поголем од 93 проценти. Дополнителни тестови се закажани за 2023 година“, додаваат од „Недељник“.

    Вучиќ на крајот на декември веќе и соопшти на јавноста дека во Србија е откриено големо наоѓалиште на злато и калциум карбонат, а на почетокот на јануари годинава додаде дека се наоѓа во еден од најсиромашните делови на земјата. Тогаш додаде дека ќе биде тешко да се „избере“ подобра општина и предвиде дека општината ќе „процвета“ поради нејзината локација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img