More

    Се запали магацински простор кај старата фабрика „Комуна“, нема повредени

    spot_img

    Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути.

    Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.

    Нема повредени, но е причинета материјална штета.

    Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински  протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа.

    – Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа – потенцираше за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img