More

    Се жени синот на Дејвид Бекам

    spot_img

    Едниот син на Дејвид Бекам тргна по неговите стапки и моментално игра во неговиот клуб во САД, но најстариот наследник на легендарниот фудбалер одамна ги остави копачките. Иако како момчиња сите беа талентирани за фудбал, Бруклин Бекам избра поинаков пат.

    Станал фотограф и модел, а како што пишуваат американските медиуми, венчавката на Бруклин Бекам (23) и Никола Пелц (27), богаташка од Холивуд, инаку американска актерка, модел и писателка, е многу блиску!

    Најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, Бруклин, на 9 април ќе се ожени со својата свршеница Никола Пелц, а во јавноста секој ден се појавуваат нови детали за венчавката на годината.

     

    Убавата Никола Пелц потекнува од богато еврејско семејство, а нејзиниот татко е еден од блиските пријатели на Доналд Трамп. Таа е најмладата од осумте деца на милијардерот Нелсон Пелк и цел живот сонувала да стане хокеар – сѐ додека не се вљубила во глумата. Потоа се предомислила, па се случиле некои важни улоги, како онаа во филмот „Tрансформерски – време на изумирање“.

    Иако Викторија и Дејвид имаат огромно богатство, Бруклин ќе мора да потпише предбрачен договор со ќерката на американскиот богаташ. Семејството Пелц е многу побогато, па товарот за организирање на венчавката, која ќе чини над три милиони фунти, ќе падне на нив.

    Кум на венчавката на Бруклин и Никола требало да биде музичарот Елтон Џон, но тој наводно во тоа време ќе биде на долго планираната турнеја. Меѓу познатите гости ќе бидат славниот готвач Гордон Ремзи, членките на „Спајс грлс“, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи, и други, пренесува „Мирор“.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img