More

    Се бројат жртвите од стампедото на фудбалски натпревар

    spot_img

    Најмалку 32 деца загинаа во стампедото предизвикано од интервенција на полиција на фудбалски стадион во Индонезија изминатиот викенд, соопштија денеска официјални лица.

    „Според податоците со кои располагаме, од вкупно 125 настрадани, 32 се деца, од кои најмладото е на две или тригодишна возраст“, соопшти индонезиското Министерство за жени и социјална заштита.
    Најмалку 125 луѓе загинаа во саботата во стампедо на крајот од фудбалскиот натпревар во градот Маланг на истокот на индонезискиот остров Јава, кога илјадници навивачи влегоа на теренот, а полицијата употреби солзавец во обид да воспостави ред.

    Официјални лица првично соопштија дека бројот на настрадани е 174, но подоцна ја ревидираа бројката на жртви поради, како што наведоа, двојно броење на дел од загинатите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img