More

    Се бараат лекари кои ќе одобруваат отштета

    spot_img

    Град Скопје повторно објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета на граѓани предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на подрачјето на Град Скопје.

    Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија и тоа еден член и еден заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози и два члена и два заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата. Рокот за пријавување е до 11 јуни 2022 година.

    „На членовите од редот лиценцирани лекари трауматолози и од редот лиценцирани лекари од областа на психијатријата, им следува надоместок во висина од 25 илјади денари, во нето износ, соопшти Град Скопје.

    Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 4 мај 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img