More

    Сеќавање на ужасите на холокаустот

    spot_img

    Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, од 10 до 14 март 2022 година одбележуваат 79 години од холокаустот на македонските Евреи.

    На 11 март 1943 година, 7144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот на смртта Треблинка, што претставува и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот.

    Програмата опфаќа комеморативни активности во Битола, Штип и Скопје. Во Битола и во Штип, комеморативните активности ќе се одржат на 10 март.

    Централните активности ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 март. На 10 март, во 19:30 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи комеморативна вечер на која покрај претседателот на Еврејската заедница во РМ ќе се обрати и Претседатолот на Република Македонија, Амбасадорот на Израел Н.Е Симона Франкел и Амбасадорот на Соединетите Американски Држави Н.Е Кејт Мери Брнс. Преку видео врска ќе се обрати и Директорот за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски Комитет и Претседател на Меѓународниот советодавен совет на ФХЕМ, г-ин Ендру Бејкер

    На комеморативната вечер ќе настапи и гудачко трио со комеморативна музичка програма,а потоа ќе се отвори изложбата „Живот“- посветена на преживеаните Евреи кои ја возобновија заедницата, Евреи кои дадоа придонес во градењето на новата повоена држава. Евреи кои го продолжија животот во заедницата!

    На 11 март во 10:00ч.делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата на Република Македонија, дипломатскиот кор, невладиниот сектор, пријатели на заедницата и граѓани ќе положат цвеќиња пред Споменикот на 7144 македонски Евреи, Imperial Tobacco TKS, бившиот скопски Монопол, којшто бил привремен концентрационен логор,во 11:30 пред Споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ на Градски гробишта Бутел – Скопје.

    Централните комеморативни активности за 11 Март ќе завршат со прием во градското Собрание кај градоначалникот Данела Арсова во 12:30ч.

    Комеморативните активности продолжуваат и на 14 март, Амбасадата на Италија во соработка со ЕЗРМ подготвуваат комеморативен интерактивен настан, (онлине) на кој ќе се обрати режисерот на филмот “ Un cielo stellato sopra il ghetto di Roma“ (Ѕвезденото небо над гетото во Рим) – Giulio Base.

    Филмот ќе биде достапен за гледање од 9 до 14 март во Кинотека Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img