More

    Сергеј Лавров, наместо да ја посети Србија, вo понеделник околу 13 часот по московско време ќе одржи конференција за медиуми

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, наместо да ја посети Србија, вo понеделник околу 13 часот по московско време ќе одржи конференција за медиуми на интернет, пренесува РИА Новости.

    „Рускиот министер за надворешни работи Лавров на 6 јуни ќе одржи прес-конференција за актуелни меѓународни прашања. Настанот ќе се одржи онлајн. Прес-конференцијата ќе започне околу 13 часот“, се вели во соопштението на руското МНР.

    Портпаролката на Министерството Марија Захарова претходно изјави дека земјите од соседството на Србија го затвориле воздушниот простор за летот на авион на рускиот министер за надворешни работи, кој требаше да го посети Белград од 6-ти до 7-ми јуни.

    Белградските медиуми во неделата објавија дека Црна Гора им се придружила на Бугарија и Северна Македонија со намера да го спречи авионот со Лавров да полета за Белград во нејзиниот воздушен простор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img