More

    „Семејството сакаше последното испраќање да биде во кругот на фамилијата“

    spot_img

    Македонскиот народен театар излезе со своја реакција во врска со гласините кои се појавија во врска со смртта на актерката Катерина Крстева, позната како Мара Попара, а кои беа поттикнати од изјавите на актерката Стојна Костовска која сега е во пензија. Објавата на оваа реакција е и желба на семејството на Крстева.

    Меѓу гласините беше и онаа дека на погребот речиси да не дошол никој од театарот и дека грижата за Крстева во последниот месец паднала на Стојна Костовска наместо на блиското семејство.

    Од театарот велат дека цело време биле во контакт со здравствените работници за состојбата на актерката, дека веднаш стапиле во контакт со семејството, а дека желба на семејството било таа да биде погребана во кругот на најблиските.

    Се наведува и дека семејството претходно не ја познавало Стојна Костовска, на која наводно паднал товарот за грижата.

    МНТ ќе изврши комеморација за Крстева утре во 12 часот. Еве што велат тие во својата реакција:

    „Во врска со невистинитите наводи и реакции кои се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонски народен театар го дадава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството.

    „Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева. Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги презема сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството. За целиот овој период Кате беше опкружена со грижа од нејзината сестра г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини.

    За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот.

    Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството.  Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавање со Костовска се случил на погребот.

    Македонскиот народен театар во договор со г-ѓа Јелиќ – сестрата на Катерина Крстева, ја организира отворената комеморација која ќе се случи на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во МНТ.

    Овие изминати три дена, за жал ниту еден медиум не се јави во МНТ да ја слушне и другата страна, со што ја објавуваме реакцијата во координација и одобрување на г-ѓа Јелиќ.

    Матичната куќа и семејството на починатата актерка Катерина Крстева ја замолува јавноста да не изнесува понатамошни невистини и да ја оставиме нашата Кате да почива во мир“.

    А, еве што претходно изјави актерката Стојна Костовска во медиумите:

    – Денес на погреб видов дека немаше ниеден колега. Многу мразам лицемерни луѓе и затоа сакам да порачам на МНТ да не прават драма, да не организираат никаква комеморација, бидејќи матичната куќа не ѝ се најде тогаш кога најмногу ѝ требаше. Мене Кате ми рече – „Ако починам немој случајно да ме зборнат во театар, никако. Јас само еднаш побарав помош и не ми се најдоа. Мене во театар никој не ме познава, како воопшто да не сум била дел од таа куќа“. А не е Кате единствената која е разочарана од односот на театарот кон своите легенди. Кате ја погреба сестра ѝ од Белград со семејството. А од МНТ? Од МНТ дојде само едно момче, кое донесе една мизерна икебана. Момчето што дојде го прашав во кое својство е. Ми рече дека е асистен на декоратер?! Замисли, и таква професија имало. Но, што е виновно детето. И тоа во земја пропадна од срам, дојде со велосипед?! А знаеш ли што сѐ има МНТ? Срамота, вели тажно Костовска, па ја спомена и смртта на Љупчо Петрушевски, кој скоро 20 години беше директор на оваа национална театарска куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img