More

    Селена Гомез поради лековите што ги земала можеби нема да може да има деца

    spot_img

    Покрај тоа што дава увид во животот на Селена Гомез и нејзиниот деловен успех, овој документарец ги прикажува и личните проблеми кои ги доживеала пејачката, а кои предизвикале биполарно растројство.

    Актерката и пејачка Селена Гомез (30) рече дека „веројатно нема да може да има деца поради лековите што мора да ги зема за нејзиното биполарно растројство“.

    „Биполарното растројство стана важна работа која едноставно е присутна и влијае на многу делови од мојот живот. Но, ако е судено, можеби ќе имам деца“, рече таа во искреното интервју за „Ролинг стоун“ пред објавувањето на нејзиниот нов документарен филм „Мојот ум и јас“ (My Mind and Me).

    Селена вели дека ја погодило ова болно сознание откако посетила пријателка која се обидувала да основа свое семејство.

    „По дружењето со неа, седнав во автомобилот и се расплакав“, опиша Гомез.

    Селена се отвори за проблемите со нејзиното ментално здравје во поголемо интервју за „Ролинг стоун“, каде што откри дека била во четири центри за лекување.

     

    Селена сподели информацијата дека во 2015 година морала да оди на хемотерапија откако ѝ бил дијагностициран лупус, хронична воспалителна автоимуна состојба која ги напаѓа ткивата и органите на телото.

    Пејачката, како последица од болест, се подложи и на трансплантација на бубрегот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img