More

    Селекторот Милевски вели дека сме на вистинскиот пат

    spot_img

    Селекторот Благоја Милевски најави дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како вчеравечер во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар. Милевски, меѓу другото, денеска го прославува својот 51 роденден.

    Притисок секогаш ќе има, но и мотивот (за победа) секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме победиме, изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.

    Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски рече дека триумфот е „мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат“.

    – Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат – изјави Милевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img