More

    Сексот или какви било емотивни односи меѓу вработените не се дозволени според правилникот на Си-Ен-Ен

    spot_img

    Сексот или какви било емотивни односи меѓу вработените не се дозволени според правилникот на Си-Ен-Ен, една од најпознатите светски телевизиски куќи, пишува Н1. Многу од водечките луѓе си даваат оставки, а 100.000 мејлови со недозволена содржина биле досега откриени. Уште во декември директорот Џеф Цукер си замина поради романтична врска со Алисон Голуст, маркетинг-директорката, а сега и таа даде оставка.

    Еве што напиша Алисон по оставката:

    „Јас и Џеф (шефот) сме блиски пријатели и професионални партнери повеќе од 20 години. Нашиот однос се промени неодамна, за време на ковид-19. Жал ми е што тоа не го пријавивме во вистинско време. Неверојатно сум горда на времето поминато на Си-Ен-Ен и со нетрпение очекувам да ја продолжиме одличната работа што ја работиме секој ден“, напишала Алисон за својот некогашен шеф.

    Џеф Цукер и Алисон Голуст фото: јутјуб/принтскрин

    На почетокот на месецов отпуштен беше и менаџерот Крис Куом кој тесно соработувал и со неа и со шефот за да му помогне на својот брат во судење врзано со сексуална злоупотреба.

    За да имаат подобар увид во „романтичните“ врски, од Си-Ен-Ен испрашале дури 40 вработени. Клопчето води до братот на отпуштениот менаџер Крис. Тој му помагал на братот да се извлече од обвиненија за сексуално вознемирување, но брат му, Ендрју Куом, не е било кој, туку поранешен гувернер на Њујорк. Нивната фамилија е една од најмоќните во градот. Кога се дозна дека сето „помагање“ било аминувано од шефот на Си-Ен-Ен, Цукер, тој мораше да даде оставка уште пред Нова година.

    „Како дел од истрагата за мандатот на Крис Куом на Си-Ен-Ен, ме прашаа за консензуален однос со мојот најблизок колега со кој работев повеќе од 20 години. Признав дека нашата врска еволуираше во последните години. Од мене се бараше да ја пријавам врската штом започна, но јас не го направив тоа. Не бев во право. Затоа денеска поднесувам оставка“, напиша тогаш Цукер во писмото до колегите од Си-Ен-Ен.

     

     

    Можеби најинтересното е што падот на Цукер и Си-Ен-Ен се случува во исто време со падот на ерата на Доналд Трамп. Весникот „Њујорк Тајмс“ неодамна го обвини Цукер дека работел во Ен-Би-Си, тој му помогнал на Трамп да стане популарен бидејќи го пуштал неговото шоу „Апрентис“, или „Чирак“. Од друга стана ова му помогнало на самиот Цукер да биде познат, па всушност, Трамп го создал Цукерл, тврди весникот.

    „Цукер стана јавна личност на Си-Ен-Ен во голема мера поради неговото јавно ривалство со поранешниот претседател Доналд Трамп, со кого некогаш имаше пријателски односи: како претседател на Ен-Би-Си Ентертејнмент, господин Цукер реши да го одобри реалното шоу на Трамп“, напиша Њујорк Тајмс.

    За оставката на неговиот поранешен пријател, а сегашен непријател Цукер, се огласи и самиот Трамп. Тој за Цукер рече дека е „слабак од светска класа“ и дека „дал оставка од повеќе причини, но првенствено затоа што Си-Ен-Ен го изгубиле контактот со гледачите и со сите други“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img