More

    Сега уште да дознаеме што содржи документот

    spot_img

    Министрите за надворешни работи на Севера Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, денеска во Софија го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.

    Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

    Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

    Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img