More

    „Сега ние сме целта“: Руските градови се соочуваат со незамисливо до вчера сценарио

    spot_img

    Звуците на војната одекнуваат се погласно и погласно во Белгород, руски град кој е оддалечен само 40 километри од украинската граница.

    „Тоа може да се случи. Никогаш не се знае кој пука, ние или тие“, изјави за Гардијан Владимир, трговец од Белгород.

    На почетокот на годината локалното население беше сведок на акумулација на руски воени сили недалеку од нивните домови.

    „Кога започна конфликтот, слушнавме ракети како летаат кон Украина. Меѓутоа, сега пукаат и во нас. Звукот е различен“, додава Владимир.
    Како што инвазијата се одолговлекува бидејќи Русија не презема брза акција за да го освои Киев, официјални лица од Белгород и други руски градови во близина на границата со Украина се повеќе известуваат дека нивните градови се цели на украински напади.

    Украина отворено не ја презеде одговорноста за нападот врз руските градови, но рече дека тоа е „карма“ и одмазда.

    Наводните украински контранапади, кои започнаа на 1 април со ракетирање на складиште за нафта во Белгород, го означија зајакнувањето на досега незамисливата опасност дека ќе вкусат дел од штетата што и ја нанесуваат на Украина на сопствената територија.

    „Многу зборуваме за тоа што се случува. Атмосферата во градот е тензична. Животот продолжува, но понекогаш не можеме да го игнорираме, како кога нашиот град беше покриен со густ чад“, изјави за Гардијан Ана, учителка во Белгород.

    Властите на овој град забележаа три напади само оваа недела. Гувернерот Вјачеслав Гладков минатата недела тврдеше дека руски цивил бил убиен во напад на мал град во областа.

    Украинските сили повторно ги зазедоа селата околу Харков кои паднаа под руска контрола претходно во војната во текот на минатата недела. Руските војници кои биле во нив биле турнати до украинско-руската граница недалеку од Белгород. На Харков за миг му олесна.

    Додека воените експерти се согласуваат дека Украина нема посилно и организирано да ја нападне руската територија, Белгород и другите делови на Русија не спијат мирно.

    Белгород го подигна нивото на подготвеност на друго ниво, а бројот на полицајци на улиците се зголеми.

    Исто така, имаше извештаи за два пожари во Министерството за одбрана на Руската Федерација во Белгород и оштетување на важен руски железнички мост, што доведе до шпекулации дека украински диверзанти дејствуваат во Русија. Руските власти не ги коментираа инцидентите и не е јасно како избувнале пожарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img