More

    Сега барем не сме расколници, а дали сме автокефални ќе дознаеме наскоро!

    spot_img

    Кога Вселенската патријаршија ќе ѝ го издаде долгоочекуваниот Томос за автокефалија на Македонската православна црква (МПЦ-ОА)? Како Цариград ќе се постави кон дијаспората на МПЦ-ОА, односно дали постои можност да ни биде поставен услов за директна размена: тие нам автокефалност, ние ним дијаспора? Дали МПЦ-ОА дефинитивно ќе го загуби „тоа на М“ во своето име и ќе прифати да биде преименувана во Охридска Архиепископија, како што впрочем и вселенскиот патријарх Вартоломеј го претставува поглаварот Стефан како архиепископ на Охридската Архиепископија, а не како архиепископ на МПЦ-ОА?

    Овие прашања буквално висат во воздух по вчерашната историска заедничка литургија на архијерејите на МПЦ-ОА со вселенскиот патријарх во Истанбул, по којашто македонската јавност очекуваше да ѝ бидат расчистени недоумиците и да ѝ станат работите појасни.

    Но, очигледно, освен тоа што расколот е залечен и поднесена е одлуката за кревање на шизмата, главните прашања и понатаму ќе останат неодговорени:

    Каков е моменталниот статус на МПЦ-ОА? Освен тоа што црквата е повторно дел од канонското единство, дали сега таа е автономна или автокефална црква? Ако сега сите очи се вперени кон вселенскиот патријарх и ако очекувањата се тој да ни издаде Томос за автокефалија, тогаш чуму беше издавањето на ист таков Томос од страна на српскиот патријарх Порфириј? Можно ли е случајот со МПЦ-ОА да биде еден од ретките кога за една православна црква се издаваат двојни томоси? Дури и да биде така, ништо суштински не би се сменило, оти кај Русите, на пример, постојат слични случаи со двојни томоси, како што е примерот со Полската православна црква.

    Како што во моментов стојат работите, МПЦ-ОА е автокефална црква за Српската православна црква (СПЦ) и за Руската православна црква (РПЦ), додека, пак, Вселенската патријаршија и дел од останатите православни цркви (сѐ уште не е одредено кои цркви), дефинитивно не ја сметаат за автокефална, оти се убедени дека само Цариград може да доделува Томос за автокефалија и не ѝ признаваат такво право на СПЦ.

    Од друга страна, пак, за време на денешната богослужба на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија во црквата „Св. Тројца“ на плоштадот Таксим во Истанбул, и самиот македонски архиепископ направи еден неочекуван потег, давајќи му до знаење на православниот свет дека МПЦ-ОА е автономна црква, а не автокефална. Оти, ако ја сметаше МПЦ-ОА за автокефална црква, тогаш за време на службата ќе ги спомнеше сите поглавари на сите православни цркви, но наместо тоа, архиепископот Стефан го спомна само вселенскиот патријарх Вартоломеј, назначувајќи го како свој надреден, а прогласувајќи ја МПЦ-ОА за автономна црква.

    Во поглед на добивањето Томос за автокефалија од страна на Цариград, засега не може да се предвиди кога би се случил таквиот чин. Теоретски, статусот-кво може да трае и до недоглед, а во пракса може да се реши уште пред да се вратат нашите архијереји од Истанбул во Скопје. Најголемиот проблем и натаму ќе остане името на црквата, односно отстранувањето на „тоа на М“ од името на МПЦ-ОА, кое премногу им боде очи на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на Грчката православна црква (ГПЦ).

    Дека нашите владици вчера не беа воопшто затечени од текот на настаните во Цариград и дека сѐ се одвивало според планот, сведочи и соопштението на архиепископот г.г. Стефан од 6 јуни, во коешто беше најавено сето тоа што се случуваше на историската заедничка литургија на Педесетница.

    „Известуваме дека во наредниот период, при официјалната посета на Фанар за Педесетница, што со голема радост ја очекуваме и кога ќе биде официјализирано нашето прифаќање во сеправославното литургиско и канонско единство, претстои да биде известена Вселенската патријаршија за решението на СПЦ за да бидат затворени сите управни прашања меѓу двете цркви. Изразуваме полноцрковна надеж, во иднина, односно кога за тоа ќе биде одлучено, да се пристапи кон финализирање на нашето црковно прашање и со издавање на општопризнат Томос од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј, согласно неговите законски и историски принадлежности“, наведено е во соопштението од Кабинетот на поглаварот г.г. Стефан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img