More

    Северна Кореја тестираше балистичка ракета

    spot_img

    Северна Кореја изврши ракетна проба во саботата, а најверојатно станува збор за истрелување на балистичка ракета, објавија јапонската и јужнокорејската армија.Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала проектил од нејзиниот источен брег, а новинската агенција Јонхап нагласи дека војската верува дека станува збор за балистичка ракета.

    И јапонското Министерство за одбрана на Твитер објави дека тоа би можело да биде балистичка ракета.

    Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег во средата, соопштија Јужна Кореја и Јапонија откако Пјонгјанг вети дека ќе ги развие своите нуклеарни сили „со најголема можна брзина“.

    Соединетите Држави процениле дека Северна Кореја го подготвува својот полигон за нуклеарни тестирања Пунгје-ри и дека би можел да биде подготвена за тестирање таму веќе овој месец, изјави заменик-портпаролката на Стејт департментот Џалина Портер.

    Новоизбраниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол ќе ја преземе функцијата во вторник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img