More

    Северна Ирска е најболното отворено прашање по брегзит

    spot_img

    Сметката за несогласувањата околу трговските аранжмани по брегзит, може да ја платат компаниите и домаќинствата, па се отвора прашањето, ќе се осмелат ли Европската Унија и Велика Британија да се впуштат во трговска војна, пишуваат британски медиуми.

    Претставници на ЕУ во повеќе наврати предупредуваа на „сериозни“ последици, доколку Велика Британија укине дел од северноирскиот протокол.

    Во ноември, ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени предупреди дека целиот Договор за трговија и соработка што постои за да се обезбеди трговија без царина и без квоти меѓу ЕУ и Велика Британија, зависи од тоа колку Лондон го почитува протоколот.

    Но, во поново време, бидејќи војната во Украина ги зголеми трошоците за живот, Ковени со помирувачки тон зборува дека ЕУ прво сака да бара решение. Истовремено, Ковени предупредува дека секоја еднострана акција на Лондон може да предизвика „многу тешко лето“, наведува Би-Би-Си.

    Постои ризик, Унијата да укине дел од, или цел, договор, еднострано, иако не толку бргу, што би ѝ овозможило царинење на британска стока. Во мнозинството случаи, таков чекор бара известување година дена однапред и интервентна арбитражна постапка.

    ЕУ може да повлече и други потези, на пример кога британските рибарски бродови влегуваат во водите на ЕУ.

    Економисти предупредуваат дека ЕУ може, како во трговски спорови со САД, да цели и на политички чувствителни производи за зголемување царина за да се зголеми нивното влијание. ЕУ, исто така, може да се фокусира на индустрии сместени во делови на североисточна Англија и Мидлендс, што на минатите избори се свртија од лабуристи на конзервативци. Некои од овие подрачја значително се потпираат на извозот во ЕУ.

    Кога целата роба произведена во Британија би имала исти царински стапки како да доаѓа од други земји, надвор од ЕУ, земјоделските производи би можеле да бидат погодени со данок од 10 отсто, а млечните дури 35 проценти кога се продаваат во ЕУ.

    Сите царини, наметнати на британска стока, би значеле за европските купувачи поголеми сметки и не би му биле благодарни на Брисел, додава Би-Би-Си.

    Поради тоа, како и барањата секој одговор да биде „пропорционален“, мнозинство економисти предупредува дека таквата акција мора да биде селективна.

    ЕУ би можела да ја зголеми бирократијата и да им го отежне животот на компаниите, што се обидуваат да продаваат на нејзиниот пазар. Моментално, три четвртини од извозниците од британскиот североисток, оценуваат дека формалности по брегзит, ја прават продажбата во ЕУ попредизвикувачка. Ова го покажуваат податоците на Економската комора, како и дека извозот во однос на 2019 година, паднал за над 10 проценти.

    Теоретски, Велика Британија би можела да реагира со воведување сопствена царина. Тоа наметнување на европските произведувачи, дополнително би им го отежнал натпреварот во Велика Британија, а веќе се виде дека продажбата им опаѓа по Брегзит.

    Но опцијата, што Велика Британија досега ја избегнуваше, може да значи поголеми трошоци за автомобили од европско производство и повисоки цени на основни намирници, во период кога сите британски домаќинства се веќе на колена под притисок од зголемени сметки.

    Речиси пет години по референдумот, расправата за тоа како брегзит би требало да функционира, е далеку од завршена, заклучува Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img