More

    „Северен тек“ работи со намален капацитет

    spot_img

    Рускиот енергетски гигант Гаспром го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 Балтичко Море до Германија за 40 проценти, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на Сименс, соопшти денеска компанијата.

    Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас, се вели во извештајот.

    Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината инвазија врз Украина. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесува ДПА.

    За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img