More

    Светските берзи паднаа минатата недела, инфлацијата не стивнува, банките ги зголемуваат каматите

    spot_img

    На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инфлацијата во светот не стивнува, па централните банки ги зголемуваат каматните стапки, што доведува до забавување на економскиот раст.

    На Волстрит, Dow Jones изгуби 0,2 отсто минатата недела, на 31.288 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,9 отсто, на 3.863 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,6 отсто, на 11.452 поени.

    Индексите беа во многу подлабока негатива во текот на неделата бидејќи инвеститорите беа вознемирени од фактот што инфлацијата во САД во јуни достигна 9,1 отсто, ново највисоко ниво во повеќе од 40 години.

    Поради оваа причина, се очекува дека американската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени во јули, втор месец по ред.

    Некои дури шпекулираат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен.

    Поради ова, растот на економијата забавува, а прашање е само дали ФЕД ќе успее „меко“ да ја приземји економијата или ќе ја турне во рецесија.

    „Ќе има рецесија, но блага. Клучна компонента е сè уште силниот пазар на труд. Со оглед на високата вработеност, рецесијата не е толку непосредна закана“, вели Оливер Пурше, потпретседател во Wealthspire Advisors.

    Економските показатели во САД остануваат мешани. Некои се подобри, а некои послаби од очекуваното.

    „Економските показатели во моментов не се конзистентни. Има позитивни и негативни, што покажува дека сме во период на транзиција“, вели Тим Гриски, стратег во Ingalls & Snyder.

    Дури и деловните резултати на компаниите на почетокот на сезоната за финансиско известување не се импресивни. Додуша, повеќето компании, како и обично, ги надминуваат очекувањата на аналитичарите во однос на профитот.

    Сепак, проценките на аналитичарите во анкетата на Ројтерс за заработката на компаниите од индексот S&P 500 се уште се на нивоата од пред почетокот на објавувањето на резултатите.

    Така, во вториот квартал аналитичарите очекуваат заработката на компанијата да порасне за 5,6 отсто во однос на истиот период лани.

    И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,5 отсто, на 7.159 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,2 отсто, на 12.864 поени. Парискиот CAC, пак, остана речиси непроменет на 6.036 поени.

    А на Токиската берза индексот Никеи порасна за 1 отсто, на 26.788 поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img