More

    Светскиот шампион во бокс го зеде оружјето и се приклучи на украинската армија

    spot_img

    Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Олександр Усик, вели дека е „апсолутно бестрашен“ откако го зеде оружјето за да ја одбрани својата украинска татковина од руската инвазија.

    Помалку од шест месеци откако го декласираше Ентони Џошуа во борбата за три од четирите најдобри појаси во тешка категорија, Усик се приклучи на територијалната одбрана на Украина.

    Говорејќи од подрумот во Киев, 35-годишниот светски шампион призна дека реваншот со Џошуа, кој се очекува на пролет и почетокот на летото, е далеку од неговите размислувања.

    Иако признава дека е шокиран од ситуацијата во земјава, вели дека е подготвен на се. „Можеби ви звучи сентиментално, но мојата душа му припаѓа на Бога, а моето тело и чест се на мојата татковина и семејството. И затоа нема страв, апсолутно никаков страв“.

    „Постои само конфузија за тоа како тоа е можно во 21 век“, рече тој.

    „Навистина не знам кога ќе се вратам во рингот. Мојата земја и мојата чест ми се поважни од шампионскиот појас.

    Во војска се пријавил и неговиот сонародник Васил Ломаченко, поранешен трикратен светски шампион во лесна категорија, кој бил на работ на договор за борба со актуелниот шампион Јоргос Камбосос.

    Во одбраната на Киев активно се вклучени и поранешниот светски шампион, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img