More

    Светот на спортот во шок: француската легенда уапсена поради педофилија

    spot_img

    Поранешниот голман на француската ракометна репрезентација Бруно Мартини, по двегодишна полициска операција за педофилија, заврши зад решетки.

    Поранешниот голман на француската ракометна репрезентација Бруно Мартини, по двегодишна полициска операција за педофилија, заврши зад решетки.

    Поранешниот светски шампион од 1995 и 2001 година со француската ракометна репрезентација е приведен поради „експлоатирање малолетници“ и „снимање детска порнографија“, јавуваат француските медиуми.

    На домашните ракометни фанови Мартини им е добро познат како чувар на мрежата на солидна француска генерација, а од крајот на 2021 година ја извршува функцијата претседател на Француската прва лига.

    Мартини им признал на истражителите дека контактирал со 13-годишното момче преку социјалните мрежи, побарал од него експлицитни фотографии и видеа и им предложил да се сретнат. Тој беше уапсен во неговиот дом во Париз во понеделникот.

    По два дена во притвор, тој е ослободен и наскоро мора да се појави на суд. Нему му се заканува затворска казна од пет години доколку ја признае вината…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img