More

    Сведокот Лалиќ откри како бил планиран атентатотСведокот Лалиќ откри како бил планиран атентатот

    spot_img

    Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на озлогласениот криминален клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, а вчерашното сведочење го продолжи сведокот, обвинетиот Срѓан Лалиќ кој ги обелодени деталите за ликвидациите што ги извршил овој клан, пишува Блиц.

    Тој зборуваше и за плановите на кланот поврзани со атентатот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кој требало да биде завршен со помош на лидерот на кавачкиот клан, Радоје Звицер.

    – Во јануари 2021 година Марко и Вељко отидоа кај Радоје Звицер по повод раѓањето на неговото дете. Бидејќи Марко и Вељко од црногорските служби добиле информација дека нивното убиство е планирано тие се појавиле како жива мамка за да овозможат апсење на членовите на шкалјарскиот клан за подготовка на убиството. Со ентузијазам зборувале како се изведуваат со вооружени комбиња, како соработуваат црногорските служби и како тоа треба да се воспостави и овде – изјави тој и додаде:

    – Звицер обезбеди околу 5 милиони евра и логистичка и друга помош на службите за прилагодување на политичката клима за да донесат на власт некој што би бил соодветен и би работел во интерес на кланот. Имплементацијата беше во тек преку социјалните мрежи. Го гледаа претседателот како најголема закана откако ѝ објавија војна на мафијата во која се препознаа, а тоа беше спомнувањето на атентатот како конечно решение. Се споменуваше дека следните протести ќе бидат големи конфликти со цел слабеење на институциите и притисок врз структурата – заклучи Лалиќ.

    Тој призна дека се зборувало и за поставување бомби на јавни објекти и површини.

    По оваа изјава на Срѓан Лалиќ за подготовката на атентатот на Вучиќ, Вељко Беливук почна бурно да се смее.

    Лалиќ претходно сведочеше како е убиен Милан Љепојаво куќата на ужасот во „Ритопек“.

    -…Љепоја влезе се ракувавме. Се сврте кон мене, го соборив на земја со џудо зафат. Љепоја требаше да биде ликвидиран како одмазда за обидот за убиство на Звицер. Вељко неколку пати го згазна лицето на Љепоја. Така го онеспособи. Му ги врзав рацете позади, го однесовме во скриената просторија. Удирајќи во Љепоја, Вељко се повреди. Љепоја го соблековме, остана во долна облека, почнаа да го испрашуваат. Го претепале, окото му беше затворено, устата отечена, траги од крвта имало во гаражата каде што ја најдоа неговата ДНК. Го донесовме во скриената соба, го ставивме на стол. Тој брзо го даде кодотод Скај апликацијата. Вељко и Марко се качија горе, за да можат да пишуваат од неговиот телефон и да ја видат содржината. Дојдоа други членови, му покажаа неколку слики. Го призна своето учество во обидот за убиство на Звицер во Украина, дека тоа го направил за пари, бидејќи веќе нема многу пари од грабежи – рече Лалиќ и додаде:

    – Ни даде многу информации, дека се подготвуваат некои нови ликвидации. Со него разговаравме јас и Марко Будимир. Во еден момент во скриената соба влезе Вељко. Додека ги чистев трагите од ДНК од еден „хеклер“слушнав грофтање. Го видов Беливук како го дави Љепоја. Потоа завиткавме жица околу неговиот врат, лицето му стана сино, престана да се бори, а потоа Вељко стави леген под главата и му го пресече вратот со голем нож. Излезе многу крв и со сигурност можам да кажам дека од тој момент не беше жив…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img