More

    Санкциите би можеле да го нарушат снабдувањето со лекови на Русија

    spot_img

    Западните производители на лекови и медицински помагала планираат да продолжат да извезуваат во Русија, но нивните планови би можеле да бидат комплицирани со економските санкции по рускиот напад врз Украина, кои ги отежнуваат плаќањата.

    Санкциите што САД, Велика Британија, ЕУ и Канада ги воведоа кон Русија не вклучуваат лекови и медицинска опрема, но проблемот би можеле да бидат казнените мерки против руските финансиски институции.

    Исклучувањето на седум руски банки од SWIFT и континуираните напади врз Украина може да предизвикаат прекини во снабдувањето, објави европската лоби група на производители на медицински уреди MedTechEurope.

    „Замрзнувањето на банкарските трансфери навистина може да влијае на извозот на медицински помагала од ЕУ во Русија. Активно ги испитуваме размерите (на овие проблеми) и ќе видиме како ќе се развива ситуацијата “, рече портпаролот на MedTechEurope.

    Одговорност на секторот, според меѓународното хуманитарно право, е да продолжи да снабдува, посочуваат здруженијата, експертите и шефовите на компаниите.

    Европската федерација на фармацевтски компании и здруженија повика во соопштение за безбедна испорака на лекови и вакцини до луѓето во Украина, соседните земји на ЕУ и Русија.

    Производителите на лекови, вклучувајќи ги швајцарските Novartis, данските Novo Nordisk и Lundbeck, британскиот GlaxoSmithKline и американската Eli Lilly, рекоа дека работат на тоа пациентите да имаат постојан пристап до лекови.

    Ново Нордиск, најголемиот светски производител на лекови за дијабетес, рече дека ќе направи „се што може за да продолжи да ги снабдува Украина и Русија“, но рече дека ќе има потешкотии со санкциите. Тој веќе имаше проблеми со испораката на лекови во Украина.

    Меѓународните хуманитарни организации се обидуваат да ја зачуваат испораката на есенцијални лекови во Украина, каде руските војници се обидуваат да ја преземат контролата врз големите градови, што поттикна повеќе од 870.000 Украинци да ја напуштат својата земја, а милиони да побараат засолниште од воздушните напади.

    Аптеките во Украина веќе известуваат за недостиг на медицински материјали, според Ројтерс.

    Снабдувањето со лекови и медицинска опрема на Русија дополнително е отежнато поради одлуката на големите логистички компании да го прекинат транспортот.

    Данскиот логистички гигант А.П. Молер-Маерск во средата предупреди дека пратките за Русија, вклучително и медицинските материјали, може да бидат оштетени или расипани поради доцнење во пристаништата и царината.

    ЕУ извезла фармацевтски производи во Русија во 2020 година во вредност од 6,5 милијарди евра, со учество во вкупниот извоз од околу 8,4 отсто, според Евростат.

    Извозот на медицински помагала достигна вредност од околу 1,6 милијарди евра во 12-месечниот период до крајот на септември минатата година, според MedTech Europe.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img