More

    Само уште МПЦ-ОА официјално не го осудила конфликтот во Украина

    spot_img

    Не сме ја осудиле руската агресија врз Украина поради тоа што не сме имале заседание, а поради почетокот на Велигденскиот пост не верувам дека во текот на оваа недела ќе нѐ повика поглаварот за да разговараме за руско-украинскиот конфликт.

    Не верувам дека архиепископот ќе свика заседание во текот на оваа недела, затоа што е прва недела од Велигденскиот пост и тогаш не се заседава. Сите архиереји во текот на оваа недела се в црква, таков е периодот.

    Владика ТимотејПортпарол на Синодот на МПЦ-ОА

    Ова за Плусинфо го изјави митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г. Тимотеј, одговарајќи на прашањето зошто МПЦ-ОА не им се приклучи на сите останати православни цркви кои повикаа на мир во Украина и го осудија рускиот атак.

    – Без никакво двоумење го осудуваме рускиот напад врз Украина и најдобро би било да престане таа лудорија. Меѓутоа, тоа не зависи од нас. Гледате дека не ги слушаат и поголемите сили, а сигурно нема да нѐ послушаат и нас. Во секој случај, ние сме солидарни со оној кој страда, бидејќи тоа е христијански. А особено сме солидарни со оној врз кој е извршена воена агресија. Во овој случај, ние се солидаризираме со украинскиот народ и ја осудуваме руската агресија. Ова го кажувам јас како портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, а официјалниот став на црквата зависи од тоа кога ќе се одржи заседанието. Не верувам дека архиепископот ќе свика заседание во текот на оваа недела, затоа што е прва недела од Велигденскиот пост и тогаш не се заседава. Сите архиереји во текот на оваа недела се в црква, таков е периодот – изјави г. Тимотеј.

    Официјален јавен повик за прекин на војната помеѓу Русија и Украина нема ни од Православната охридска архиепископија (ПОА), но оттаму објаснуваат дека ставот на ПОА е всушност истиот став на Српската православна црква (СПЦ).

    – Нашиот став е ист со ставот на Патријаршијата. Ние се приклонуваме кон ставот на Патријаршијата и се согласуваме со секој збор што е напишан во соопштението. Повикуваме на мир и жалиме поради тоа што војната ја водат два братски православни народа – велат извори од ПОА.

    Досега, официјална осуда за војната во Украина и повик за мир испратија Вселенската патријаршија, Грчката црква, Грузиската, Бугарската, Албанската, Српската, Романската, Полската, црквата на Чешка и Словачка, Американската православна црква, Финската, Ерусaлимската и Црногорската правосавна црква.

    Писмо од Русија

    Во отворено писмо, свештениците и ѓаконите на Руската православна црква (РПЦ) повикуваат на помирување и итен прекин на огнот во Украина.

    Потписниците на онлајн апелот – во моментов се потпишани повеќе од 230 – ја изразуваат својата тага поради страдањата на кои Украинците „незаслужено“ се подложени.

    Во поглед на „слободата на човекот дадена од Бог“, свештениците изјавуваат дека украинскиот народ мора сам да го избере својот пат – без притисок од Запад или од Исток. Сите војници – и руски и украински, велат тие, треба да се вратат дома неповредени.

    Свештениците, ѓаконите и игумените се тажни поради „јазот што нашите деца и внуци во Русија и Украина ќе мора да го надминат за повторно да другаруваат“.

    Потписниците ги критикуваат и многуте апсења за време на протестите во Русија. Ниту еден ненасилен повик за мир не треба насилно да се потиснува и да се смета за кршење на законот, се вели во петицијата. 

    ФОТО: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img