More

    Сали: Итно ни треба нов клинички центар

    spot_img

    Граѓаните ќе изгубат многу доколку допрва се почне процедура за изградба на клинички центар на друга локација од веќе предвидената, истакна министерот за здравство Беким Сали во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, додавајќи дека лично тој ќе вложи максимален напор за власта и опозицијата да се согласат околу итноста на прашањето, односно новиот клинички центар да се изгради во Општина Ѓорче Петров.

    – Секогаш една политичка партија кога дошла на власт или кога дошол нов министер имал некаква визија за нов клинички. И јас имам визија, но ние немаме време да губиме две години со правење нова физибилити студија, нови анализи… Немаме време за анализи. Тоа е залудно губење време. Страда и се мачи народот затоа што некој „икс“ министер сака да го спроведе својот модел. Се согласувам со тоа што е направено досега. Зошто не?! Ако тоа е функционално – кажа Сали.

    Дали тоа било барање на поранешниот премиер Зоран Заев како услов за влезот на Алтернатива во власта, министерот одговари:

    – Немало ниедно децидно барање дека клинички центар ќе се гради таму. Апсолутно не. Дали е во интерес на народот да започне таа изградба – да, јас сум согласен дека е така. Па било да е тоа и на друга локација или во друг град. Ако физибилити студијата покажала добри причини да се гради таму, јас не сум експерт за местото, јас можам да донесам политичка одлука за да почне изградбата. Сега засега мојата мисија е да ги усогласам двете групи, власта и опозицијата, да се согласиме дека итно ни треба нов клинички центар – рече министерот за здравство.

    Утешна награда?

    Функцијата министер за здравство не ми е утешна награда за изгубените избори во Чаир, изјави министерот за здравство Беким Сали, кој на локалните избори беше кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, но изгуби од Висар Ганиу од ДУИ.

    – Не е утешна награда туку доверба која ми е дадена од страна и на партијата Алтернатива и на премиерот Ковачевски. Сите знаеме дека сме во период на голема битка со пандемијата, која веќе две години е присутна и да го преземеш Министерството за здравство значи дека си ентузијаст и имаш капацитет да се соочиш со ваков предизвик. Оваа доверба ми ја дадоа и премиерот, но и лидерот на партијата – рече Сали.

    Зошто неговата биографија недостасува на веб-страницата на МЗ, но и на онаа веб-страница на владата, министерот одговори:

    – Поради работната динамика што ја имаме во министерството, не успеав да направам унифицирана слика како сите други министри што ја објавија, не ја знам другата причина зошто моето CV го нема на веб-страницата на Владата. Јас од првиот ден сум во битка со короната. Се трудам да бидам брз и прецизен во тоа и ова со CV-то не го знам, можеби не му дадов големо значење – изјави Беким Сали, министер за здравство.

    Мисијата беше да падне владата

    На прашањето кој беше неговиот став во органите на Алтернатива кога партијата се приклучи на иницијативата за уривање на Владата предводена од Зоран Заев, Сали посочува дека во политиката нема вечни пријатели или вечни непријатели.

    – Знаете дека во политиката нема вечни пријатели или вечни непријатели. Има политички моменти кога вие треба да постапите според вашите принципи кои ги имате. Сè што сме имале како забелешка во дотогашното функционирање на Владата, нашите забелешки кои сме ги пласирале пред јавноста, имавме став дека треба да бидеме верни на коалиција во која функциониравме како политичка партија. Се разбира, мисијата беше да падне една Влада и да им се даде шанса на реформите и промената што може да се направи. Сите ја знаете ситуацијата што се случи, потоа од денот кога не се реализираше падот на Владата требаше да прифатиме реалност дека Владата не падна и имавме две решенија – или да ја држиме Владата во заложништво со бројки 60-60 и така да одиме на предвремени избори, што реално не и одговараше на ниту една политичка партија, ниту на народот ниту на државата за да влеземе во нов предвремен изборен циклус и тука во овој случај ние го искористивме разумот повеќе, политичкиот разум…“ – рече Сали.

    Одговарајќи на прашањето дали тоа значи дека ја поддржал иницијативата за рушење на Владата на Заев, но кога тоа не се случи, одлучил да биде „за“ влез во Владата на СДСМ, Сали наведува дека по случувањата во Собранието утредента имало нова ситуација во која требало да се мисли само за иднинатата на државата.

    – Се разбира, ние бевме децидни до моментот кога беше критичниот ден на гласање, бевме верни кон дадениот збор како коалиција дека треба да има промена во раководството на идната Влада, но после сета таа голгота што се случи во Собранието, утредента имаше нова ситуација каде требаше да се мисли само за иднината на државата, без разлика дали Алтернатива е на власт или опозиција, имавме покана за да ја стабилизираме Владата и да и дадеме дополнителна шанса на Владата која ќе се реформираше – рече Сали.

    Јадеме, ама бавно

    Вакцинацијата против коронавирусот кај нас ќе ја опишам фигуративнo: Сакаме да се најадеме, но само со една лажица на еден час, истакна министерот за здравство.

    – Затоа никогаш нема да се најадеме масовно. Имунизацијата се прави за кратко време и кога ќе постигнеме одреден степен сметаме дека нашето население е имунизирано и може слободно да функционира. Од средбата со амбасадори од разни земји кај нас дојдов до информации дека во Италија се имунизирани 91% од населението, во Велика Британија 86%, Данска и Јапонија се над 80%. Нашите граѓани гледам дека споделуваат се укинуваат мерките во Данска, а кај нас сè уште ги има. Па ние имаме само 41% вакцинирани, ниту половина од нив. Со која логика да ги укинеме – прашува Сали.

    Зборувајќи за ниското ниво на вакцинација во земјава, министерот рече дека во претстојниот период фокусот ќе биде на лицата постари од 50 години и на оние што имаат една од петте дијагнози што се сметаат за најризичен коморбидитет при разболување со ковид-19.

    – Една работна група е формирана од Комисијата за заразни болести за да се фокусира на овие пациенти. Ние преку матичните лекари ќе пристапиме до секој од нив со одредување време и место каде ќе се имунизираат  – рече Сали.

    За подобра слика, најави и серолошка анализа на целата територија на државата.

    – Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со кави вакцини… Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41% се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60% имунизирани на природен начин – посочи министерот за здравство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img