More

    САД со нови санкции кон Белорусија

    spot_img

    Денеска е годишнина од претседателските избори во Белорусија. Европа и САД го осудија таканаречениот режим на Лукашенко, како што пред две години ги прогласија изборите за фалсификувани. ЕУ ги повика властите во земјата да ја прекинат соработката со Русија во војната против Украина, да ги почитуваат човековите права и да ги ослободат сите политички затвореници, наведувајќи дека нема да ги заборават жртвите на режимот.

    САД денеска воведоа нови рестриктивни мерки за повеќе високи белоруски службеници и стотина други службеници на двегодишнината од почетокот на масовните протести во Белорусија.

    „Белорускиот народ демонстрираше исклучителен отпор за оддржувањето на продемократското движење две години, а по цена на големи лични жртви“, се вели во соопштението на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

    Се наведува и дека белоруската дијаспора во странство повикува на демократија, дека над 1.200 политички затвореници се наоѓаат неправедно зад решетки во земјата, но и дека во затвор се безброј обични граѓани на Белорусија.

    А еве што изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во своето сооштение:

    „Во февруари оваа година, кога Русија започна неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина, режимот на Лукашенко стана соучесник, против волјата на огромното мнозинство на белорускиот народ, дозволувајќи и на Русија да ја користи територијата на Белорусија за да ја нападне Украина и давање целосна политичка и логистичка поддршка на Москва. Режимот сега исто така ги гони Белорусите поради противење на војната“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img