More

    САД сметаат дека е неопходно максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и поддржуваат итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија

    spot_img

    САД сметаат дека е неопходно максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и поддржуваат итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија, истакнал заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во Грција.

    Ковачевски и Ескобар, како што информираат од владината прес-служба, изразиле согласност дека нема време за губење и оти секое натамошно одлагање на тој процес предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.

    – Дел од одговорите на овие ризици, беше речено на средбата Ковачевски-Ескобар, се содржат во иницијативата „Отворен Балкан“, која како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар, САД целосно ја поддржува затоа што нејзиниот концепт го помага регионалниот развој и ја забрзува европската интеграција на земјите од Западен Балкан – се вели во соопштението од Владата.
    На средбата било констатирано дека иднината на Македонија во ЕУ e исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.

    Ковачевски и Ескобар разговарале за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, како и справувањето и, како што се вели во соопштението, ефикасниот одговор на мерките на Владата за енергетската криза.

    Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакнал дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img