More

    Руското Министерство за одбрана призна дека руските сили извршиле ракетен напад врз железничката станица во украинскиот град Чаплин и уништиле воз со 200 украински резервисти

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана денеска призна дека руските сили извршиле ракетен напад врз железничката станица во украинскиот град Чаплин и уништиле воз со 200 украински резервисти, јавува Нова. Нападот се случи на денот на независноста на Украина.

    „Ракетниот систем „Искандер“ уништи воз со 200 украински резервисти на железничката станица Чаплино во областа Дњепропетровск“, се вели во соопштението на Министерството. Се наведува дека во нападот биле уништени и 10 единици воена опрема, пренесува РИА Новости.

    Русија ќе сноси одговорност за „ракетниот терористички напад“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеф Борел. Како што наведе на Твитер, нападот во градот Чаплин е „грозоморен“.

    Билансот на загинатите од рускиот ракетен напад на железничката станица во украинскиот град Чаплин се искачи на 25, меѓу кои и 11-годишно момче пронајдено под урнатините на куќа и 6-годишно момче кое загина во пожар во автомобил во близина на железничката станица, изјави денеска заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко.

    Денеска е 183-от ден од војната во Украина.

    Украинците целат на Херсон

    Украинските војници извршија нов ракетен напад на мостот Антоновски над реката Днепар кај Херсон, а дејствуваше и рускиот противвоздушен систем, изјави денеска заменик-шефот на администрацијата на Херсонската област, Кирил Стремусов.

    Тој за РИА Новости изјави дека нападот бил одбиен и дека мостот останал недопрен. Мостот Антоновски е единствениот преку Днепар во Херсон и го поврзува тој град со левиот брег на Днепар, особено со градот Аљоша.

    Четири жртви во украински напад на Доњецк

    Четворица цивили се убиени во текот на изминатиот ден во украински артилериски напади на територијата на самопрогласената Народна Република Доњецк, соопштија властите на ДНР, а пренесе ТАСС.

    „Во текот на изминатиот ден, меѓу 08:00 часот на 24 август и 08:00 часот на 25 август, четири лица загинаа, а уште 14 цивили беа ранети во украинските гранатирања низ Доњецката Народна Република“, објавија претставници на Територијалната одбрана на каналот Телеграм.

    Русите го ракетираа предградието на Киев

    Шефот на регионалната воена администрација во Киев, Алексеј Кулеба, изјави дека руските сили извршиле ракетен напад врз областа Вишгород и дека  биле забележани два удари, пренесува Гардијан. Кулеба изјави дека засега нема извештаи за жртви или оштетувања на станбени и инфраструктурни објекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img