More

    Рускоска одзеде документи од МВР

    spot_img

    Отворена е предистражна постапка во Обвинителството во која треба да се утврди како и зошто станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде што поминал на контрола автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, не била затворена навремено иако пропусти во работењето биле утврдени и нотирани во записник неколку месеци претходно, јавува телевизија Телма.

    Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска за Телма изјави дека предистрагата е отворена вчера и одземена е документација од неколку сектори во МВР кои го извршиле надзорот во станицата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана.

    Таа посочи дека денеска обвинители влегле и во станица за технички преглед и од таму исто така се била целокупната документација поврзана со работењето и извршените контроли.

    Предистражната постапка е отворена по кривична пријава која ја доставила група на граѓани. Станува збор за фирма која по решението за забрана за работа кое министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потпишал три месеци по несреќата во Бугарија, ги отстраниле пропустите со пререгистрација на друго име, известува Телма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img