More

    Русковска ги собрала сите докази пред да биде суспендирана

    spot_img

    Пред да биде суспендирана од позицијата шефица на одделот за гонење организиран криминал во јавното обвинителство Вилма Русковска планирала да апси моќен министер во владата на СДСМ и ДУИ, пишува порталот Експрес.

    Извори во Јавното обвинителство кои го знаат предметот тврдат дека се завршени сите потребни предистражни постапки за случајот во кој е инволвиран министерот и прибавени се сите неопходни докази за прекршување на законот.

    Планот, според изворите во ЈО, бил Русковска да го уапси министерот и тој да оди во притвор со цел да не влијае на сведоци, да не може да го повтори делото и да не може да избега во странство.

    Изворите на expres.mk тврдат дека министерот може да се спаси привремено од прогон но дека делото кое го сторил не застарува брзо и тој еден ден сигурно ќе се најде на листата на ЈО како осомничен, зашто документите кои се клучни докази против него не можат да се скријат или уништат.

    Обвинителката Русковска пред три дена најави дека идната недела планирала да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед“ во кој се вршела регистрација на автобусите на „Беса транс“, но не откри детали за апсење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img