More

    Руски конвој долг 64 километри се доближува до Киев, воздушни напади во неколку градови,гранатирано породилиште!

    spot_img

    Гранатирано породилиште во близина на Киев,како што објави Киев Индепендент на својот официјален профил на Твитер, руските сили гранатираа породилиште во близина на Киев, повикувајќи се на објава на Фејсбук на директорот на болницата Виталиј Гирин. Породилиштето се наоѓа во Бузова на автопатот Житомир, каде што се водат тешки борби.

    Сите луѓе се евакуирани од зградата.

    7:35 Во ракетен напад загинаа најмалку 70 украински војници

    Украинските власти официјално потврдија дека најмалку 70 војници загинале во руски ракетен напад врз нивната воена база. Нападот се случи во Охтирка, во регионот Суми, кој моментално е под опсада на руските сили. Утрово спасувачите и службите за итна помош се уште вршат увид на урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.

    Украинскиот парламент штотуку им оддаде почит на војниците на Твитер и напиша дека војниците биле убиени од проектили Град. Вечна слава на хероите на Украина“, напиша Парламентот на Твитер.

    7:03 Предупредување во неколку региони

    Воздушни напади беа најавени утрово во Волин, Тернопил и Ривне.

    6:59 Илјадници уапсени на протестите во Русија

    Најмалку 413 лица се уапсени во Русија за време на протестите против војната во Украина во понеделникот, објави веб-страницата за граѓански права ОВД-Инфо, со што вкупниот број на уапсени од почетокот на демонстрациите во четвртокот достигна 6.440.

    6:53 САД ветија поголема помош

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во вторникот објави дека американскиот државен секретар Антони Блинкен и понудил на својата земја, која е нападната од соседна Русија, поголема помош преку санкции и оружје. „Во нашиот разговор, секретарот Блинкен потврди дека американската поддршка за Украина останува непоколеблива“, напиша Кулеба на Твитер.

    6:51 Русија се заканува на секој што испраќа оружје во Украина

    Руското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата. Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img