More

    Руски злостор или украинска наместена провокација?

    spot_img

    „За деца“ пишувало на една од ракетите кои паднаа утринава во нападот на железничката станица во градот Краматорск во Украина, пишува Нова. Додека Киев обвинува за ново злосторство, Москва зборува за намерна украинска провокација. Полицијата го расчистува случајот.

    „Русија денеска ја нападна железничката станица во Краматорск. Ракетата ја погоди привремената чекална, каде стотина луѓе го чекаа возот за евакуација. Ова е уште еден доказ дека Русија брутално, варварски убива украински цивили. Тие имаат само една цел да убијат“, се вели во соопштението на полицијата утринава.

     

     

    Бројот на загинати ќе биде поголем од 30

    Сѐ уште не е утврден точниот број на загинати и повредени.

    Според, украинскиот гувернер на Доњецк, Павле Кириленко во нападот загинале повеќе од 30 луѓе, а повеќе од 100 се повредени. Од друга страна, Татјана Ајначенко, портпаролка на про-руската влада во Доњецк, изјави дека загинале најмалку 27 лица, меѓу кои две деца, а 30 се повредени.

    – Оваа информација досега беше потврдена од спасувачите и полицијата. Конечните бројки ќе бидат многу поголеми – рече Ајначенко.

    Агенцијата АФП, пак, наведува дека според последните информации загинале повеќе од 35 лица.

    Според гувернерот на Доњецк, Павле Кириленко, во моментот на нападот на станицата имало 4.000 луѓе, кои се обидувале да влезат во возот и да се евакуираат. Тој додаде дека на станицата имало претежно стари лица, жени и деца.

     

     

    Проектилот „У“ ѝ припаѓа на украинската армија?

    Кремљ денеска негираше дека Русија била вмешана во ракетен напад на железничката станица во Крематорск. Обраќајќи им се на новинарите преку видео-врска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руските вооружени сили за денеска немаат планирани мисии за Краматорск, пренесе Ројтерс.

    Руското Министерство за одбрана објави дека типот на проектил, Point-U, кој бил користен во нападот на Крематорск, го користела само украинската армија и додаде дека слична ракета го погодила Доњецк на 14 март, кога загинале 17 лица, објави РИА Новости.

    Украинска провокација?

     Проруските сепаратисти од Доњецката Народна Република велат дека нападот на станицата е „украинска провокација“.

    – Во Краматорск се случи провокација. Украинските власти не криеја дека подготвуваат уште една провокација. Прво најавија евакуација од градовите Краматорск, Константиновка, Славјанск. Луѓето почнаа да се собираат на места каде што можеа да одат – железнички станици , автобуски станици. Стигна муницијата, околу 30 мртви“, изјави Едуард Басурин, претставник на Народната милиција на ДНР.

    Железничката станица Краматорск беше една од ретките железнички станици кои сè уште работат во источна Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img