More

    Руски бизнисмен е пронајден мртов во Њујорк

    spot_img

    Ден Рапопорт, руски бизнисмен кој живеел во Њујорк и го критикувал Трамп беше пронајден мртов пред неговата зграда во Џорџтаун, а полицијата не верува дека станува збор за самоубиство. Рапопорт претходно, во 2016 година, бил човекот кој ја продал куќата во која живеела Иванка Трамп со Џеред Кушнер, во време кога Трамп беше претседател, пишува Нова.

    Зошто беше убиен бизнисменот? Веста за смртта на Рапопорт ја објавијла неговата поранешан вработена на Телегарам, велејќи дека тој извршил самоубиство, а дека неговото куче, мешанец п име Бој се наоѓа во блискиот парк. Њујорк пост пишува дека заедно со кучето имало белешка во која пишувало за самоубиството и за некакви пари.

    Немаше самоубиство ниту патување во Лондон

    Рапопорт бил инвестицикси банкар, а порано држел и познат ноќен клуб во Лондон, наречен Сохо Румс. Таму седел во друштво на млади жени, а сопругата го имала напуштено. Алена Рапопорт, оја сега е вдовица, изјавила дека не верува дека нејзиниот сопруг извршил самоубиство.

    – Немаше пораки за самоубиство, немаше самоубиство, немаше патување во Лондон, немаше раскинување – изјави таа за руската новинска агенција РБЦ, додавајќи дека властите ја истражуваат смртта на нејзиниот сопруг.

    Два дена пред Рапопорт да биде пронајден мртов, тој објави статус на Фејсбук. Во статусот имаше впечатлива фотографија на Марлон Брандо прикажан како полковник Курц од филмот „Апокалипса сега“, заедно со зборовите: „Хорор, ужас“.

    Очигледно, ова е критика на Путин.

     

     

    Го поддржувал Навални, спорел со руски фирми

    На местото на инцидентот, полицијата пронашла неколку лични предмети кои наводно му припаѓале на починатиот, меѓу кои 2.600 долари во готовина, скршен мобилен телефон и испукани слушалки, објави Дејли Мејл.

    Според медиумите, во месеците пред неговата смрт, Рапопорт бил во спор со руска фирма за ризичен капитал, која се обидувала да му измами 10.000 долари, тврди тој во порака до пријател.

    Рапопорт е роден во Летонија кога оваа балтичка држава беше дел од СССР. Во 1980 година неговото семејство емигрирало во САД откако добило политички азил.

    Во 1991 година, Рапопорт дипломирал на Универзитетот во Хјустон, а по распадот на СССР се преселил во Русија за да продолжи кариера како инвестициски банкар. Тој ја напушти Русија во 2012 година за да го поддржи дисидентот Алексеј Навални кој моментално отслужува долга казна во озлогласениот затвор со максимална безбедност. Тој се врати во САД со својата прва сопруга, манекенката Ирина.

     

     

    Втората сопруга ја запознал во Киев

    Семејството Рапопорт се населило во прекрасен дом од повеќе милиони долари во Вашингтон. Во 2016 година, Рапопорт ја продаде куќата на Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои живееја во Вашингтон додека таткото на Иванка, Доналд Трамп, беше претседател.

    Рапопорт, кој во тоа време бил разведен, набрзо се преселил во Киев, Украина, каде ја запознал својата втора сопруга Алена, виролог.

    Бизнисменот беше цврст поддржувач на украинската независност и ја критикуваше анексијата на Крим од страна на Путин. Откако изби војната во Украина во февруари, Алена, рече дека нејзиниот сопруг ги евакуирал неа и нивната ќерка од Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img