More

    Руските сили го опколија Бахмут и во моментов се водат борби за контрола врз автопатот кој води западно од Бахмут до Часив Јар

    spot_img

    Руските сили го опколија Бахмут и во моментов се водат борби за контрола врз автопатот кој води западно од Бахмут до Часив Јар – изјави вториот човек на Доњецката Народна Република (ДНР) Јан Гагин за руската државна телевизија.

    Неговите изјави доаѓаат откако портпаролот на украинската војска вчера изјави дека тие ги одбиле руските обиди да ја прекинат линијата за снабдување. Бахмут беше изложен на жестоки напади на руската артилерија и пешадија во последните месеци.

    Кремљ денеска оцени дека потенцијалната американска испорака на ракети со долг дострел на Украина нема да „го промени текот на настаните“ и нагласи дека „Русија продолжува со својата офанзива без оглед на цената“.

    – Снабдувањето на Украина со ракети со дострел до 150 километри ќе доведе до зголемување на тензиите, до зголемување на нивото на ескалација.Тоа ќе бара дополнителни напори од нас, но тоа нема да промени ништо во текот на настаните, специјалната воена мисија ќе продолжи – изјави портпаролот Дмитриј Песков.

    Украина со месеци бара стотици модерни тешки тенкови, како и ракети со дострел од повеќе од 100 километри и борбени авиони за да може да спроведе контраофанзиви и да ги врати украинските територии окупирани од Русија. По долго двоумење, Европејците и Американците одобрија испорака на современи тешки борбени тенкови, иако засега нивниот број е помал од оној што го бара Киев. Западните земји досега одбиваа да испорачаат ракетни системи и авиони поради страв да не се предизвика нова руска ескалација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img